Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Затворени шалтери во Матично поради штрајк

/

пред 302 дена

Сподели преку :

Граѓаните денеска не можат да добијат изводи и други документи од Управата за водење матична евиденција, поради бојкот на вработените.

Иако се присутни на работните места, службениците не издаваат документи во знак на протест поради ниските плати и нерешениот статус.

Вработените бараат зголемување на платите за 20 проценти, потпишување колективен договор и итно вработување на кадар кој недостасува за нормално функционирање на Управата.

Според Независниот синдикат, доколку не се исполнат барањата, можно е проширување на штрајкот во генерален.

Во Управата работат околу 350 лица, од кои најголем дел земаат минимална плата, а недостигаат повеќе од 90 вработени.

Од синдикатот предупредуваат дека состојбата е алармантна и дека поради ниските примања се очекува дополнителен одлив на кадар.