На денешната седница на Собранието на дневен ред е предлогот за избор на нов државен јавен обвинител. Ненад Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, Владата го предложи за државен јавен обвинител пред една недела, а за негов избор потребни му се најмалку 61 пратенички глас.
Жестока e дебата на изборот за нов државен јавен обвинител. Власта бара од Ненад Савески да ги ревидира дел од предметите, а опозицијата обвинува за партиско поставување.











