Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Виктор Димовски од тајната служба одлета за Брисел пред распитот за државјанството на Онишченко

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Актуелниот скандал со еквестријан-државјанството на Онишченко донесе молк на надлежните органи, но и нов напад врз медиумски работник од жител на Пржино во чија куќа има живеалиште контроверзниот Украинец. Бруталниот напад и простачкото однесување на сопственикот на куќата на јавна површина продолжи со приведување на 67-годишниот насилник како и кривична истрага за дело насилство. Надлежниот обвинител прво ќе земе изјави од напаѓачот, но и од нападнатите. Удрениот снимател побара брза правда и заштита на медиумските работници бидејќи е нападнат додека работел. како секој ден и без никакви провокации на местото на настанот.

И додека медиумските работници кои ја бараат вистината за големиот скандал, надлежните засега само проверуваат како контроверзниот украинец Олександр Онишченко доби македонско државјанство. Проверката на Онишченко гонет за корупција и проституција одела преку Агенцијата за национална безбедност која не открила дека спортистот во коњички еквестријан бил на црната листа на САД поради ширење на дезинформации и поткопување на демократијата. Директорот на АНБ Виктор Димовски беше повикан утре на итна седница на собраниската надзорна комисија. Но денеска го известил претседателот на комисијата Љупчо Пренџов дека има  службено патување во Брисел. Според пратеникот Љупчо Пренџов, директорот Димовски е подготвен да каже што знае за скандалот кој минал и низ АНБ, но дека може да се појави дури во петок на собраниска расправа.

Миомир Серафиновиќ