Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вивек Рамасвами се повлече од републиканската трка и ја поддржа кандидатурата на Трамп

/

пред 1014 дена

Сподели преку :

Вивек Рамасвами, кој го освои четвртото место на републиканските прелиминарни избори во Ајова, денеска одлучи да се повлече од трката и да го поддржи поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Од овој момент, ја прекинуваме кампањата. Нема шанси јас да бидам следниот претседател, им кажа Рамасвами на своите поддржувачи.

Тој објасни дека од почетокот на кампањата, во која често пати беше обвинуван за поддршка на теории на заговор, ветувал дека ќе го поддржи оној кандидат кој „Америка ќе ја стави на прво место“.

Рамасвами затоа му се јавил на Трамп, кој синоќа убедливо победи во Ајова, му честитал и му кажал дека ќе го поддржи.

Тој вети дека нема да исчезне од политичката сцена, дека наскоро ќе се врати во кампањата во Њу Хемпшир и ќе дејствува во име на Трамп.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги надмина своите ривали и победи на внатрепартиските републикански избори во американската сојузна држава Ајова, додека гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го освои второто место, додека поранешната амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се пласираше зад нив.