Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вкупно 12 загинати, меѓу нив и бебе, и 44 повредени лица – две тешки сообраќајни несреќи во Турција

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Дванаесет лица загинаа, а 44 се повредени во две сообраќајни несреќи што се случија ноќеска во Турција.

Осум лица, меѓу кои и бебе, го загубија животот во несреќа на меѓуградски автобус во провинзијата Денизли, на југот на Турција, објавија турските медиуми. Автобусот возел на релација Измир – Анталија, кога на автопатот Денизли – Ајдин, од непознати причини, излетал од патот, удрил во заштитна ограда и се запалил. Полицијата веднаш отвори истрага за причините за несреќата на автобусот со 38 патници и тројца членови на екипажот.

Во верижен судар, пак, кај Бурдур, на автопатот Испарта – Анталија, загинаа четири лица, додека 11 се повредени.