Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата го усвои предлог законот за линеарно зголемување на пензиите

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Владата на денешната седница го  усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.

Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори.