Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе ги лимитира цените на производите за да го олесни трошокот на родителите, а родителите веќе набавија школски прибор

/

пред 789 дена

Сподели преку :

Во моментов, како што рече премиерот, во Владата се прави анализа на тие трошоци, а предлог-мерката се очекува да биде усвоена на утрешната владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите најави дека ќе следува ограничување на цените на училишните производи со цел олеснување на трошоците за родителите на стартот на новата учебна година.

Во моментов, како што рече премиерот, во Владата се прави анализа на тие трошоци.

Се надевам дека во текот на денот таа анализа ќе биде готова и ќе излеземе со предлог-мерки на утрешната владина седница, а веднаш по завршувањето и по успешното усвојување на мерката ќе имаме и прес-конференција за да може да ги соопштиме сите овие податоци. Така што, да, се подготвуваме да го олесниме трошокот на родителите со лимитирање на цените на основните производи кои се најпотребни за успешен старт на учебната година, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на ООУ „Стив Наумов“.

Премиерот беше во посета на ООУ „Стив Наумов“ во Автокоманда по повод почетокот на новата учебна година.

Учебната 2024/2025 година денеска почнува за 245 илјади основци и средношколци.