Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе ги помага „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за да летаат од Скопје до Франкфурт, Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана

/

пред 1280 дена

Сподели преку :

Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје…

Договорите со авиокомпаниите ќе биде на три години, за што од буџетот се предвидени 5 милиони евра. Компаниите ќе мора овие линии да ги одржуваат три години од денот на склучување на договорот во спротивно ќе мора да ги вратат парите кои ги добиле како субвенции информираше Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Тој потенцираше дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерс од граѓаните. Додава дека во буџетот има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат заинтересирани компании и за нови дестинации.