Владата подготвува документ за зголемување на акцизата за половните возила што се увезуваат во земјата. Во документот, кој го доби Телма, се наведуваат два предлога, од кои во едниот се вметнати и сугестиите на дел од бизнис заедницата.
Министерот за финансии ќе има финални консултации в понеделник, на кој коморите се повикани да испратат по еден свој претставник, а владата предлогот ќе го разгледува на седница во вторник.











