Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата потфрли, наместо 17 одработи само 8 милиони евра од Планот за раст

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Владата не успеа да ги добие сите 17 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија, за реформите што требаше да се спроведат до декември минатата година, бидејќи според оценките од Брисел, како целосно исполнети се сметаат само два од вкупно петте реформски проекти кои требаше да се завршат во тој период, со што ќе добие само половина од предвидените пари или 8,5 милиони евра.

Според оценката на Европската комисија, целосно исполнети се два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва. Ова претставува 40 проценти реализација на чекорите односно 50 проценти во однос на средствата, стои во соопштението на Министерството за европски прашања, во кое се додава дека за реформите кои не добија зелено светло од Брисел има дополнителен период за реализација од 24 месеци.

Како неуспешно спроведени се оценети реформите на Министерство за финансии за донесување на 17 подзаконски акти предвидени во Законот за буџетите, вредни 4,2 милиони евра и Патоказот за праведна транзиција од Министерството за енергетика – проект вреден 2,1 милион евра.

Не се исплатени и 2,1 милион евра за пополнување на празните места на судии и обвинители – процес за кој како одговорен ресор е Министерството за правда.

Според принципите на Планот за раст, со кој Македонија треба да добие вкпуно 750 милиони евра, парите се исплаќаат според завршените реформи и дури откако Европската Комисија ќе го оцени квалитетот не преземените реформски чекори или донесени закони.

Првичните анализи за реформите кои требаше да се остварат до јуни годинава, покажаа дека Владата не успеа да ги спроведе сите и дека воопшто нема да може да побара исплата на 43 од вкупно 70 милиони евра – колку што беа проценети реформите кои требаше да се псроведат до јуни годинава.