Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата пред кадровски рез: кој останува, кој ротира, а кој заминува по реконструкцијата?

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Министерските фотелји најрано за две недели ќе бидат ставени на тест – кој останува, кој ротира, а кој заминува од Владата? Премиерот Мицкоски денеска порача дека втората половина на месецот е резервирана за реконструкцијата. Образложението за тајмингот останува истото, да се комплетираат внатрешнопартиските реструктурирања во ВМРО-ДПМНЕ, откако процесот заврши кај коалицискиот партнер Вреди кој прерасна во партија.

Премиерот Мицкоски не гледа причина за промени и во составот на владината коалиција.

„Во втората половина на јуни седнуваме со владините партнери да разговараме за како понатаму. Мислам дека ќе се добие формата во втората половина на јуни. Сега сме посветени на внатрпартиските поместувања и реструктуирања. Тоа планираме да го завршиме отприлика до средината на јуни и веќе во втората половина да седнеме со партнерите и да разговараме“, изјави премиерот Мицкоски. 

Извори од владиниот коалициски партнер Движење ЗНАМ за Телма брифираат дека според внатрешнопартиската евалуација, јавните функционери кои доаѓаат од оваа партија го испорачале тоа што е договорено согласно програмата. Партијата е на став дека треба да ги задржат ресорите каде што имаат свои кадри во моментов и велат дека евентуалната ротација на ресорите или прераспределба на кадрите треба да подлежи на цврста аргументација од страна на премиерот. ЗНАМ има свои министри во правда и јавна администрација, заменици во енергетика и во дигитална трансформација и државни секретари во МВР и земјоделство.

Коалицискиот партнер од албанскиот блок, Вреди, пред неколку дена одржа седница на Централното собрание и тогаш соопштија дека реконструкцијата на Владата била една од темите на дискусија, со анализа и на досега сработеното. Согласни се за реконструкција, но за принципите и деталите допрва ќе се разговара.

А, од опозицијата, пак, со порака дека промените се само козметички.

„Козметички промени нас не нѐ интересираат. Кој и да го стават, знаеме кој вистински води и каде оди. Неговата влада е иста како и партијата – само фан-клуб на Мицкоски. Затоа сеедно е дали тој седи и потпишува или некој друг. Други имиња, иста приказна“, кажа Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ. 

Вчера, вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи си поднесе оставка од функцијата. Ја доставил до Владата и ја објави на Фејсбук и кажа дека во овие две години имал чест и привилегија да ѝ служи на државата и да придонесе за реформите.

Извесно е и дека министерот за социјална политика Фатмир Лимани ја напушта функцијата откако претходно се разидоа во ставовите со Касами и партијата БЕСА, пред тие да станат една партија заедно со партнерите од Вреди.

Петар Догов

Б.С.