Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата предлага меѓу членовите на Регулаторна да се врати професорот Атанаско Туневски

/

пред 561 дена

Сподели преку :

Владата предлага меѓу членовите на Регулаторната комисија за енергетика да се врати професорот од машински факултет Атанаско Туневски.

Тој и претходно беше дел од ова тело но е и добро познат во јавноста. Освен што е професор на машински факултет  се уште е и политички активен.

Првично беше дел од ВМРО ДПМНЕ и во тоа време беше директор на МЕПСО, потоа се приклучи кон СДСМ и во 2018 година беше избран за член на РКЕ. Од пред извесно време тој е член ан ЗНАМ.

Тој беше и против потпишување на договорот со грчка компанија за изградба на Чебрен но и против некои од стратешките инвеститори на претходната Влада.

Вториот член на РКЕ кој се предлага е Ирфан Шаќири. Со одлука на собранието на 16 декември лани беа разрешени два члена на РКЕ, а во февруари се објави оглас за именување на нови.

Инаку, РКЕ е самостојно тело кое го регулира и контролира начинот на вршење на енергетска дејност. Составено е од 7 члена од кои едниот е претседател.