Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата заборава да ги објави записниците и соопштенијата со одлуки од седниците

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Видео записот поставен на официјалната страна на социјалната мрежа „Инстаграм“ на Владата, а потоа и соопштение од кажаното на портпаролот Марија Митева поставенo на владиниот сајт се двете места каде медиумите односно јавноста може да се информира за одлуките донесени на вчерашната 46 седница на Владата.

Меѓутоа и оваа информација е половична, бидејќи одговарајќи на новинарски прашања премиерот обелодени дека Владата на вчерашната седница расправала и предложила и нови амбасадори, нешто го  нема во официјалното соопштение и обраќање на портпаролката на Владата а е од интерес на јавноста.

Ако саката да проверите што било на дневен ред на Владата на претходната 45 седница и кои одлуки се донесени тоа не е достапно.

Инстаграм профилот на Владата преку кој беше пласирано известувањето за одлуките од вчерашната седница на Влада, е активен и се дополнува нeколку пати дневно.

На официјалниот сајт на Владата Преку соопштение јавноста е информирана за донесените одлуки на 24 септември минатата година.

Токму затоа медиумите односно јавноста и граѓаните не беа навремено информирани за измените во опсегот на компании кои може да аплицираат за парите од унгарскиот кредит  или пак за именувања на в.д. директори на неколку јавни државни претпријатија.

Кога станува збор за записниците од седниците, односно кои точки се на дневен ред             последната за која мeдиумите и граѓаните може да се информираат е за 40та седница одржана на 17 декември минатата година.

Владата официјално ги именуваше портпаролите Марија Митева и Венера Азизи на 8 октомври, три и пол месеци откако премиерот Мицкоски влезе во кабинетот на Илинденска бр2.

„Телма“ официјално побара од Владата одговор дали се поставени соопштенијата за одржаните седници на Влада и до почетокот на дневниот одговор не беше испратен.

Oгнен Чанчаревиќ