Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра за да покрие расходи од енергетската криза во минатата година, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Најголем дел од парите се дадени на АД Електрани, наместо за реновирање на клиники, набавка на медицинска опрема, изградба на детски градинки, студентски домови и патишта.











