Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владината делегација два дена во Истанбул ќе ги презентира предносите за инвестирање во земјава

/

пред 116 дена

Сподели преку :

По средбите со унгарската, австриската и хрватската бизнис заедница за привлекување на директни странски инвестиции во Македонија, владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и вицепремиерите, Александар Николоски и Беким Сали, министрите Тимчо Муцунски, Бесар Дурмиши, Сања Божиновска, како и директорот на ТИРЗ-овите, Гоце Димовски, два дена во Истанбул ќе и ги презентира предносите за инвестирање во земјава на бизнис заедницата во Турција.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.