Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебе за состојбата со медиумите

/

пред 157 дена

Сподели преку :

Власта и опозицијата со контра обвинувања. Лидерот на СДСМ , Венко Филипче го обвини премиерот за состојбата со медиумите.

„Ова е уште еден доказ како Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски „исполнува“ една од клучните реформски точки за ЕУ – слобода на медиуми“, изјави Венко Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ,пак, му возвратија дека нема право да зборува за слободата на медиумите.

„Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара. Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.