Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влегла на час по биологија и почнала да пука – тинејџерка уби соученичка и рани уште пет други, потоа се самоубила

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Тинејџерка со пушка убила една соученичка, а пет други ученици се повредени. во училиштето во рускиот град Брјанск. Девојчето дошла на училиште со пушка, влегла во одделението и почнала да пука, а потоа се самоубила.

Медиумите објавија дека станува збор за девојче со име Алина која влегла во училиштето и се качила на четвртиот кат во својата училница. Часот по биологија бил во тек, а Алина наводно ја отворила вратата и почнала да пука во соучениците.

Едно од повредените деца е веќе оперирано, и се наоѓа во критична состојба. Здравствената состојба на другите 4 повредени е умерено тешка, соопштија докторите.

Веднаш по пукањето сите ученици биле евакуирани од училиштето, а целата област била блокирана од полицијата.

Се претпоставува дека девојчето кое пукало трпела врсничко насилство, и е жртва на булинг.

Вооружените напади се релативно чести во Русија, иако овој инцидент е прв каде напаѓачот е женско.