Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев,  без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

/

пред 125 дена

Сподели преку :

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт, стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

  • Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име. Тоа е таа штетна политика на СДС. Сега Филипче немајќи прибежиште, затоа што граѓаните го испратија СДС во опозиција пред скоро две години, се додворува на Бугарија, а членовите на највисокото раководство на СДС, поставени токму од Филипче, одржуваат бугарски релации со активисти кои шират бугарска пропаганда во Македонија, се вели во соопштението.

Според ВМРО – ДПМНЕ ставовите на официјална Софија се јасни: македонскиот јазик е бугарски дијалект, македонските револуционери се Бугари, и македонскиот и бугарскиот народ се ист народ во две земји.

  • Додека се додворува на Радев, и додека се обидува да се докопка до власт, Филипче како специјален пратеник на Бугарија во Македонија, да пренесе дека без гаранции уставни измени нема да се случат, и дека Македонија очекува испорака на пресудите од Стразбур. Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се прават национални отстапки и штети на државата, сe додека нема јасни и цврсти гаранции од ЕУ, се вели во соопштението на партијата на власт.