Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

/

пред 97 дена

Сподели преку :

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче дека не реагирале на, како што наведуваат, дипломатскиот преседан што го направила Бугарија со објавување дипломатска нота која содржела информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на премиерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кога се во прашање државните и националните интереси, и власта и опозицијата треба да имаат единствен став и да ги бранат интересите на државатa.

„Дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата, ниту Венко Филипче, ниту некој од СДС не го осуди“, наведуваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, молкот на Филипче покажува дека тој повеќе се грижи за односите со Софија отколку за, како што велат, одбраната на националните позиции.

Од партијата дополнуваат дека ќе продолжат, како што наведуваат, доследно да ги бранат македонските национални интереси, достоинството и позициите на државата.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ упатува и низа критики кон раководството на СДСМ, обвинувајќи го за, како што велат, подготвеност за отстапки без соодветни гаранции во процесите поврзани со европската интеграција на земјата.