4- ца сведоци и аудио снимка се доказите кои пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ги навела во пријавата против Талат Џафери дека сторил тешки повреди на етичкиот кодекс.
Против него се нудат да сведочат пратениците Александар Николовски, Гордана, Силјановска Давкова и Олга Лозановска кои во пријавата навеле дека биле присутни во пленарната сала додека претседателот на Собранието Талат Џафери со пцости и вулгарности им викал на тројца собраниски службеници.
И тие ќе сведочат за инцидентот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, која се очекува да ја свика претседателот на Комисијата Панчо Минов откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави пријава против првиот парламентарец и барање Комисијата да заседава.
„За самата седница на комисијата Ви доставуваме во прилог материјал електронска форма во кој е содржан видео записот од МРТВ и каде пратеникот и претседател на собранието Талат Џафери на крајно вулгарен и понижувачки начин им врши мобинг и притисок на вработени во службата на Собранието на висок тон и со безобразни пцости, кои заради комуникацијата во Собранието не би сакале да ги цитираме во овој допис,“ се вели во барањето и пријавата до комисијата од пратениците подносители
На седницата, според барањето на пратениците има единствена точка на дневниот ред – постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратеникот Талат Џафери.
На пријавата се потпишани 22 пратеници од ВМРО- ДПМНЕ , Социјалистичка партија и ГРОМ ,а иста така пријава денеска поднесе и партијата Левица. Доколку се утврди одговорност Џафери може да се соочи со јавна опомена која не исклучува и суспензија на сикерот Талат Џафери.
ВМРО- ДПМНЕ се откажа од интерпелација на Џафери, бидејќи спроед лидерот на опозицијата пратениците од владеачкото мнозинство ќе гласаат против.
Мицковски, претходно кажа дека му е срам што го познава Џафери, а премиерот Димитар Ковачевски одби да ја коментира аудиоснимката.
Павле Беловски











