Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ ќе бира Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

/

пред 254 дена

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет, на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња.

Мицкоски информира дека ќе се одржи ЦК со сите што по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам во ова партиско тело ќе влезат координаторот на пратеничката група, претседателката на Унијата на жените, претседателот на Унијата на младите, претседателот на Унија на ветераните, претседателот на партијата, генералниот секретар.

Новиот состав на ИК ќе треба да има 29 члена. Мицкоски ќе побара од ЦК да се донесе одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветераните, Унијата на младите и на Унијата на жените.