ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Антикорупциска, а јавноста очекува одговор на прашањето зошто Венко Филипче криел имот, велат од партијата на власт.
Според нив претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче молчел пред фактите, а имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година.
Прашуваат – што пријавил Венко Филипче како министер за здравство?
Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година. Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како подарок во 2016 година. Трето, на име заеднички имот пријавил стан од 50 метри квадратни метри во Скопје стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.
Што пријавил Венко Филипче избран за пратеник на изборите во мај 2024 година?
Прво, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не е пријавен кога бил министер, а го имал. Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не е пријавен кога бил министер, а го имал. Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати на основ на договор за градба во 2017 година – не се пријавени кога бил министер, а ги имал. Четврто, стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба – не е пријавен кога бил министер, а го имал.
ВМРО-ДПМНЕ согласно законските надлежности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција. Дополнително ќе поднесат копија од електронски извод на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година.











