Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ: Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост, велат од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Според опозицијата предлог буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија со вакви лоши економски показатели.

„Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%. Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати“, стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.