Обвинувањата на СДСМ и злоупотребата на трагедијата во Кочани, според ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да се оттргне вниманието од одговорноста на Венко Филипче во случајот со модуларната болница во Тетово.
Велат дека им е потребен дефокус од фактот дека тој треба да лежи во затвор, затоа што провизиите му биле најважни и чинеле 14 животи. Прашуваат, зошто обвинителството не реагира, иако евиденцијата била предадена во декември во 2023 година.











