Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Талат Џафери

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Кршење на Уставот и на собранискиот Деловник, нарушување на угледот на институцијата, самоволие, користење на пцости во комуникациијата и омаловажување, навредување на пратениците, е она за што се товари собранискиот спикер, Талат Џафери, во интерпелацијата која денеска официјално му ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија која интерепалцијата за Џафери ја најави откако тој во средата вечерта нареди заклучување на вратата на собраниската сала за да се пребројат присутните пратеници во неа, денеска при официјалниот поднесување на барањето за негово отповикување, поддршка побараа од сите пратеници.

„ Апелираме до пратениците од СДСМ и мнозинството дека сега е моментот, кога треба да се стават настрана партиските договори и да застанат во одбрана на, пред се човековите права, а потоа и во одбрана на Собранието на Република Македонија. Во спротивно, доколку не ја поддржат оваа интерпелација ќе покажат дека, не само што го оправдуваат ваквото однесување на Џафери туку и дека се дел од него“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен до владеачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ денеска испратија порака и до Џафери кого, меѓу другото, го обвинија и за присвојување на функцијата и немање капацитете за водење на Собранието и креирање на скандали.

„Му порачуваме на Талат Џафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност, а доколку повторно избега и не ја стави на седница ќе даде до знаење нема ни грам одговорност кон функцијата што ја извршува“, изјави Мицевски.

Во образложението за интерпелација на Џафери се набројува дека тој не ги ставал на дневен ред интерпелациите за министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ, поднесени за нив уште додека биле министри во претходната влада, не закажувал продолженија на пленарни сендици кои биле од интерес за опозицијата, ненавремено доставувал материјали до пратениците, а и ги отфрлал амандманите поднесени од опозицијата спротивно на Деловникот. Меѓу другото во образложението за интерпелацијата се наведува и дека Џафери разрешувал членови на работно тело без претходна одлука за тоа од матичното работно тело, одземал право на говор на пратеник, но и дека не го користел македонскиот јазик како единствен службен јазик во меѓународните односи на Македонија.

Тамара Грнчароска