Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец, затоа што зема 80.000 денари плата? – Синдикалците на батерии се прочитани, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според информациите, кои до нас ги доставија „свиркачи“ од ССМ, на кои им е преку глава од злоупотребите на Трендафилов и Пешевски, овие двајца дебело профитираат“, обвинуваат од владеачката партија.











