Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Директорот на протоколот на МНР, кој го згреши знамето на Словенија, е унапреден во амбасадор во Москва

/

пред 1434 дена

Сподели преку :

Шефот на дипломатијата Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот во Министерството за надворешни работи поднел оставка, поради „згрешеното знаме“ при посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во соопштение наведува оти „вистината е дека тој добил датум и унапреден е за амбасадор во Москва“.

„Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? – Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да претставува држава?, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.