Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од криминалната клика СДСМ-ДУИ, владата води одговорна политика

/

пред 828 дена

Сподели преку :

Обвинувањата на СДСМ за наводно коцкање со државните интереси се целосно неосновани и неточни. Новата влада за разлика од криминалната клика на СДСМ и ДУИ води одговорна и транспарентна економска политика, насочена кон подобрување на животниот стандард на сите граѓани, порачуваат од владеачката партија.

„Договорите со нашите меѓународни партнери се внимателно планирани и анализирани за да донесат долгорочни придобивки за државата. СДСМ нема право да зборува за економски прашања кога токму нивната политика доведе до финансиски колапс и задушување на економскиот развој во земјава“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека токму СДСМ ја задолжило и ја ограбило државата без да остави никакви дела зад себе. Партијата посочува дека токму тие се симболот на криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси.