Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Внимание на патиштата: Mагла и остатоци од снег на повисоките места

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со влажни коловози и остатоци од кашаст снег на повисоките места, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Врнежи од слаб снег се бележат во Пониква, Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Пресека, Стража и Маврово.

Намалена видливост поради магла има до 100 метри на Плетвар и 20-30 метри во околина на Крушево. На одредени патни правци постои ризик од поситни одрони, но сите патишта се проодни… ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.

Дежурните екипи се постојано на терен и одржуваат проодност на патиштата.