Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Анкетната комисија за онкологија денеска реферираа поранешната и актуелната директорка на Државниот здравствен инспекторат

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

Анкетната комисија за клиниката за онкологија и денеска заседаваше. Реферираа поранешната и актуелната директорка на Државниот здравствен инспекторат.

Поранешната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова рече дека за време на нејзиното директорување, за Клиниката за онкологија стигнале четири претставки од пациенти, но тие не се однесувале за лекување или злоупотреба со терапија.

Претседателката на комисијата пак од документите што ги добила комисијата, укажа дека од редовните контроли кои ги вршеле двајца исти инспектори, доставувале извештаи дека се е во ред на клиниката, но во друг наврат во 2018 година, кога други инспектори извршиле вонреден надзор утврдиле низа неправилности.