Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации на неговото тело откриена е прострелна рана.
Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува. Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а синоќа на местото беше извршен увид од страна на полицијата и јавен обвинител.
Повеќе детали за случајот се најавуваат во текот на денешниот ден. Tелото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.











