Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во авионската несреќа во Непал загинаа 18 луѓе

/

пред 820 дена

Сподели преку :

Најмалку 18 луѓе загинаа во авионска несреќа во Непал.

Леталото најпрво се запалило при полетување од аеродромот во главниот град Катманду по што паднало и експлодирало.

Пилотот е единствениот кој ја преживеал несреќата.

Според светските агенции, во авионот со двочлен екипаж се превезувале 17 техничари кои требале да отпатуваат до градот Похар за поплавка на друго летало.

Аеродромот во Катманду е затворен за сообраќај по несреќата.

Непал е на удар на критики поради лошата состојба на безбедност во воздух.

Речиси 350 луѓе загинаа во хималајската држава во падови на авиони или хеликоптери од 2000 година.

Најсмртоносната несреќа се случи во 1992 година, кога „Ербас“ на пакистански ерлајнс се урна на планина во близина на Катманди, пришто загинаа 167 лица.