Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Брисел денеска се одржува средба на членови на најголемите европски компании од автомобилската индустрија

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се сретна со првите луѓе на најголемите европски компании од автомобилската индустрија, која трпи сериозни последици од американските царини, но и трговскиот договор кој Комисиајта го постигна со американската администрација.

Целта на овој трет по ред ваков состанок, според Еврокомисијата, е да се заштити иднината на секторот, кој е од витално значење за европскиот просперитет, во сегашниот нестабилен геополитички контекст, како и да се обезбеди негова долгорочна конкурентност, одржливост и отпорност, паралелно со остварувањето на целите за климатска неутралност.

Според податоците на Европската комисија, автомобилската индустрија директно или индиректно вработува 13,8 милиони луѓе во Европа, што претставува 6,1 процент од вкупната вработеност во унијата.