Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во експлозија во Москва загина генерал во руската армија

/

пред 668 дена

Сподели преку :

Во експлозија во Москва загина генерал Игор Кирилов, началник на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, заедно со неговиот помошник. Инцидентот се случил рано утринава, кога експлозивна направа поставена во електричен скутер била активирана пред станбена зграда на Рјазански проспект.

Кирилов беше обвинет од украинското обвинителство за употреба на хемиско оружје против украинските војници во текот на војната, а неговиот воен оддел беше под санкции од Велика Британија, Канада и Нов Зеланд.

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека руските трупи имаат предност на целиот фронт во Украина. Посочи дека напредокот на армијата е забрзан, а 2024 година, според него, е „одлучувачка година за постигнување на целите“ на офанзивата во соседната земја.