Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Германија војник изврши масакр поради поранешната девојка, меѓу убиените и дете

/

пред 967 дена

Сподели преку :

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија германската полиција.

Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации во областа Ротенбург.

Според полициските извештаи, во нападот биле убиени поранешната девојка на осомничениот, нејзиното дете, партнерот на девојката и неговата мајка.

Полицијата во неговиот автомобил пронашла и молотов коктел, како и оружје и муниција. Ситуацијата на лице место на моменти била тензична, голем број патролни возила и голем број специјалци го опколиле дворот, по што во полна опрема и автоматски пушки упаднале во куќата.