Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Во „Идризово“ ископан тунел за филмско бегство во којшто имало потпорни греди и светло

/

пред 1309 дена

Сподели преку :

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, потврди за Телма Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.  Детали не може да сподели и истите ги најави за подоцна.

Неофицијално, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затвовреници со високи казни, а меѓу нив има и такви осудени на доживотен затвор.

Неофицијално, сето ова било правено со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени.

Владата денеска донесе одлука за разрешување на директорот на затворот во Идризово, Шпенд Тахири и на негово место е поставен генерал Зоран Јовановски.

За встите на Телма во 15.30 се јави Симона Петровска