Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во израелски воздушен напад погоден магацин со оружје во Либан

/

пред 823 дена

Сподели преку :

При израелски воздушен напад доцна синоќа врз јужното крајбрежно село Адлун погодено складиште за оружје по што следеле серија експлозии, соопшти државната Национална новинска агенција или ННА.

Агенцијата соопшти дека три лица се полесно ранети во селото Харајеб и се хоспитализирани.

Складиштето за оружје се верува дека му припаѓа на Хезболах, кој има широко присуство во областа.

Експлозиите се слушале повеќе од еден час по воздушниот напад.

Нападот на Хезболах претходно истиот ден со десетици ракети Катјуша на северниот израелски кибуц Дафна дојде неколку часа откако израелски напад со беспилотно летало погоди автомобил во јужното либанско село Бурџ ал Мулук, а шрапнелите од проектилот повредија неколку луѓе.

ННА соопшти дека ранетите цивили се сириски државјани, а меѓу нив има и деца.

Израелската војска соопшти дека биле неутрализирани околу 45 проектили кои преминале од Либан во северен Израел во три одвоени баражи.

Се наведува дека некои биле пресретнати, додека други паднале на отворени површини, без да предизвикаат ѓтети или жртви, но по нивниот удар избувнале неколку пожари на Голанската висорамнина.