На подрачјето на Долна Јабланица денеска е пронајдено тело на уште еднo лице која настрадало во поплавите што ја зафатија територијата на БиХ.
Информацијата ја потврдија од Цивилната заштита на Општина Јабланица, а Владата на Херцеговачкo-неретванскиот кантон во својот билтен наведе дека утрово е пронајдена една личност кај Коњиц, а потоа и уште едно тело во Јабланица.
Телото е идентификувано и станува збор за лице кое до сега се водело како исчезнато.
Според податоците на службите, бројот на смртно настрадани во поплавите се искачи на 25, од кои 18 од Јабланица и 4 од Коњиц.
Се трага по уште две исчезнати лица.











