Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во М-НАВ може да се штрајкува – Апелација ја поништи одлуката за забрана на Граѓанскиот суд

/

пред 320 дена

Сподели преку :

Апелациониот суд во Скопје ја поништи одлуката на Граѓанскиот суд со која беше забранет штрајкот на контролорите на летање во М-НАВ, донесена зад затворени врати, без расправа и без да се сослуша Синдикатот.

Со оваа пресуда, контролорите веднаш добија право да го реализираат најавениот штрајк, кој првично требаше да се одржи на 20 октомври, меѓу двата изборни круга. Од синдикатот обвинуваат дека раководство прави нова систематизација за вработување на несуштински кадар, наместо контролори на лет, конкурс кој не се реализира и ќе пропадне.