Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Македонија изминатава година увезени над 560 тони кафе – најмногу од Бразил, Италија па дури и Косово

/

пред 281 дена

Сподели преку :

Во првите месеци минатата година во земјава биле увезени 566,6 тони кафе во вредност од приближно 40 милиони евра. Според Интернационалната организација за Кафе државата се вбројува меѓу првите 15 до 20 земји во светот по конзумирање на кафе по глава на жител.

Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу печено, непечено и или безкофеинско кафе, лушпи и ципи од кафе, но и други  замени се увезувале од Бразил. Па така дури 46% од испиеното кафе било бразилско, 18,7% било од Италија, додека 8,8% било увезено од соседно Косово.

„Од Бразил во првите десет месеци годинава(2025 год.) биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 ден/кг, потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг и Косово – 50 тони кафе, со просечна цена од 287 ден/кг“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Потоа следува Уганда со 31,5 тони, Виетнам  со 28,7 тони, Индија  22,6 тони, Хрватска со 13,1 тон и Кенија со 9,8 тони кафе.

Т.Д.