Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Националната опера и балет се одржа традиционалниот концерт „Василица 2025“

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Со изведба на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од Верди, Чилеа, Пучини, Маскањи и Доницети во Националната опера и балет вечерва се одржа традиционалниот концерт „Василица 2025“.

Под диригентската палка на шпанецот Оливер Диаз, врвен диригент и добитник на голем број престижни награди и признанија, настапија сопранот Ирене Палазон, тенорот Хозе Луис Сола заедно со оркестарот на Националната опера и балет.

Со  вечерашниот концерт беа одбележани 30 години од првото одржување на концертот по повод празникот Василица којшто првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година.

Освен денеска, традиционалниот концерт по повод Василица ќе се одржи и во понеделник, на 13 јануари.