Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во одбраната од иранскиот напад на Израел му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан

/

пред 922 дена

Сподели преку :

САД, Велика Британија, Јордан и Франција му помогнаа на Израел да се одбрани од иранскиот напад, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, говорејќи за француската помош, рече дека Франција има многу добра технологија, авиони, радари и дека тие придонеле во патролирањето на воздушниот простор, додавајќи дека нема точни детали дали француските авиони собориле некој од проектилите што беа лансирани од Иран, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Израелските власти рано утринава соопштија дека САД, Велика Британија и Јордан, исто така, помогнале во пресретнувањето на беспилотните летала и проектили што Иран ги истрелал кон Израел во текот на ноќта.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 ирански ракети лансирани кон Израел.