Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Порторико запленети над 1,6 тони кокаин

/

пред 776 дена

Сподели преку :

Американски федерални агенти вчера запленија кокаин вреден 33 милиони долари од брод кој се обидел да ја прошверцува дрогата на малиот порторикански остров Виекес.

Повеќе од 1.670 килограми кокаин биле запленети откако непознати лица го истовариле товарот од брод и побегнале од областа, соопшти Царината и граничната заштита на САД.

Островот Виакес се наоѓа источно од Порторико и е популарна туристичка дестинација.

Заплената на кокаинот уследи неколку дена откако американската Царина и гранична заштита и полицијата на Порторико заплениле кокаин вреден повеќе од пет милиони долари од брод во близина на западниот брег на градот Ринкон. На 1 септември биле запленети над 260 килограми кокаин, при што се уапсени двајца американски државјани.

Порторико долго време беше транзитна точка за дрога шверцувана во САД и Европа.