Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во пожар во ресторан во Чешка загинаа најмалку 6 лица

/

пред 646 дена

Сподели преку :

Најмалку шест лица загинаа, а осум се повредени во пожар што денеска избувнал во ресторан во Мост, северна Чешка, соопштил чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.

Од осумте повредени, шестмина се пренесени во тешка состојба во болниците во Мост и Прага.

Пожарот најверојатно бил предизвикан од експлозија на плинска боца, поврзана со греалка на гас.

Пожарникарите евакуирале 20 лица од ресторанот и извлекле тешко повредено лице кое било заробено во тоалетот.

Во гасење на пожарот биле ангажирани 12 противпожарни екипи, кои успеале да спречат целосно уништување на објектот.