Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Русија започнува судски процес за шпионажа против Еван Гершкович

/

пред 848 дена

Сподели преку :

Во Русија денеска почнува процесот против американскиот новинар Еван Гершкович, кој пред повеќе од една година беше уапсен под обвинение за шпионажа.

Судскиот процес против дописникот на Волстрит џурнал ќе се води во Екатеринбург. 32-годишниот новинар ги негираше обвинувањата.

Портпаролот на Генералното обвинителство на Руската Федерација изјави дека, според истрагата, Гершкович собирал доверливи информации во корист на американската тајна агенција ЦИА.

Американската влада ги негира наводите. Според Кремљ, во тек се преговори за размена на затвореници за Гершкович.

Притворот на американски граѓани во Русија често резултира со сложени преговори меѓу Москва и Вашингтон за ослободување или размена.