Цивилната гарда заплени над 10 илјади растенија марихуана во голема операција во Кордоба во Шпанија, што резултираше да се уапсат 26 лица и да се изврши претрес на 16 имоти.
Утврдено е дека криминалната организација работела со лабораторија наменета за претворање на дел од марихуаната во хашиш смола.
Запленетите растенија биле во напредна состојба на раст и цветање. Покрај растенијата, властите заплениле уште 100 килограми на рани пупки од марихуана, 20 килограми хашиш смола, пиштол калибар 9 мм, рачно изработен пиштол, карабина и пушка со калибар 12.











