Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во шумските пожари летово изгореа 81 милион евра и 600 илјади кубици дрво

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Пет милијарди денари или 81 милион евра е првичната проценка на штетата од пожарите кои два месеци беснееја во Македонија а нивното гаснење ја чинело државата далеку повеќе. Опустошувањето на шумите и природата не заврши со пожарите бидејќи сега во полн налет се дрвокрадците и шумската мафија.

Според процените пожарите зафатија вкупна територија од околу 90 илјади хектари а изгореле 600 илјади кубни метри дрво.

„Обновувањето на изгорените шуми, според научниците, е процес кој трае најмалку 50 години, а бројот на расади со кои располага Национални шуми е намален“ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Национални шуми“  во ТОП Тема.

Гаснењето на пожарите ја чинеа државата десетици милиони евра.

„Авионите и хеликоптерите со кои располага државата за гасење на пожари годинава биле амортизирани до крајните граници“ изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК во ТОП Тема.

Откако пожарите беа угасени на сцена стапи шумската мафија и дрвокрадците. Најпогоден е западниот дел од државата а дрвокрадци има и меѓу вработените. Соголените ридови се дополнителна опасност за граѓаните поради ерозија.

Според Ангелов, за борба против шумската мафија мора да биде вклучена и специјалната полиција.

„МВР во рамките на акцијата „пожар 2024“ поднесе 30 кривични пријави против 39 лица кои се осомничени за предизвикување шумски пожар или предизвикување општа опасност“ додаде Ангелов директорот на ЦУК.

Огнен Чанчаревиќ