Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во следните два дена се очекува снег

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Македонија влегува во период на нестабилно време со пообилни врнежи, а на планините се очекува формирање на нова снежна покривка. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за интензивни врнежи во одредени региони.

Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри“, информираат од УХМР.

Според метеоролозите, вистинскиот пресврт доаѓа во четврток кога студениот бран ќе донесе снег и во пониските предели.

Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето“, велат од Управата.