Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собрание законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

/

пред 223 дена

Сподели преку :

На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување член и на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување на директор и заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и предлог одлуките за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во рамки на оваа седница пратениците треба да расправаат по Предлог на закон за изменување на Законот за ветеринарно здравство, Предлог на закон за изменување на Законот за идентификација и регистрација на животните, Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците,  како и Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, сите по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители и Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, сите по скратена постапка.