Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собранието нови пет интервјуа на кандидати за претседател на ДКСК

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Денеска ќе продолжи Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска.

За позицијата се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата останаа десетмина. Претседателот на Комисијата за селекција на кандидатите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски  информираше дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот по донесувањето на одлуката од членовите на Комисијата за селекција.